Макс Ферстапен беше казнет со три нови поени за хаосот што го предизвика денес на Големата награда на Шпанија, така што вкупно има 11 од почетокот на сезоната, а не сме ниту на половина од шампионатот.
Според правилата, возач со 12 негативни поени, автоматски ја пропушта следната трка во календарот. Покрај трите бода, на Ферстапен му беа одземени и десет секунди од вкупното време, па тој падна од петтата на десеттата позиција во трката и ќе му биде доделен само еден бод, објави „Racing News 365“ .
Тој требаше да го пропушти Џорџ Расел, но одби да го стори тоа. Расел вели дека Ферстапен тоа го направил намерно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

