Макс Ферстапен триумфираше на големиот Формула 1 јубилеј на Силверстоун

Макс Ферстапен е победник на јубилејната трка со која на патеката Силверстоун беше обележана седумдесетгодишнината на Формула 1. Пилотот на Ред Бул беше во вториот стартен ред, но имаше добра тактика, ги искористи проблемите на возачите на Мерцедес со гумите и успеа да  победи. Пилотите на Мерецедес кои во финишот се натпреваруваа за втората позиција.

На два круга пред крајот Луис Хамилтон успеа да го мине Валтери Ботас откако двајцата добија тимска наоски дека се слободни да се тркаат, но да бида тоа чиста борба. Хамилтон го имаше и најбрзиот круг. За Ферстапен ова е деветта победа во кариерата, прва на оваа патека. На триумф чекаше од бразилското Гран-при минатата година. Хамилтон пак го израмни рекордот на Михаел Шумахер со 155 пласмани на подиумот во кариерата.Образот на Ферери го обеле Шарл Леклер кој заврши на четвртата позиција, додека Себастијан Фетел беше дури 12.

Со победата, Ферстапен се проби на втората позиција во генералниот поредок, сега има 77 бода, 30 помалку од лидерот Луис Хамилтон кој додје до 107. Ботас со 73 бода е на третата позиција. Следното формула 1 натпреварување е веќе по седум дена за кога е закажана трката за големата награда на Шпанија.

 

 

 

 

Се вчитува...