Големата награда на Абу Даби ќе го одлучи и шампионот на Форума 1 за сезоната 2021. Во последната трка на сезоната возачите на Ред Бул и Мерцедес, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон влегуваат изедначено со по 369.5 освоени бода па ќе биде интересно да видиме дали младиот Холанѓанец ќе успее да ја прекине доминацијата на искусниот Британец.
Во пресрет на трката за медиумите говореше и двократниот шампион Фернандо Алонсо кој вели дека Ферстапен во моментот е најдобриот возач во светот, а Мерцедес го има најдобриот болид.
„Мерцедес победи во последните трки, но по мое мислење Макс е најдобриот возач во моментот. Тој вози подобро од сите и го видовме тоа на квалификацискиот круг во Џеда додека не го допре ѕидот во последната кривина. Тоа беше Макс, а не Ред Бул. Тоа е моето мислење. Макс ја заслужува титулата, а Мерцедес трофејот во конструктори бидејќи има најдобар болид“, вели искусниот Шпанец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА