„Макс здодевен си… Или замини од Ф1 или престани да зборуваш“

Макс Ферстапен се повеќе излегува во јавноста со изјави дека нема да биде дел од караванот на Формула 1 уште долго. Четирикратниот светски шампион стана уште поогорчен по воведувањето на новите болиди, каде што неговиот Ред Бул во моментов е целосно неконкурентен.

Поранешниот возач Мартин Брандл зборуваше за приказните на холандскиот ас.

„Макс во последно време вели „наскоро си одам“, „нема да возам додека не наполнам 40 години“ и такви работи. Стана здодевен. „Или оди или не зборувај за тоа. Ги имаме одличните Антонели, Берман, Линдблад, кои возат како Макс. Спортот и животот продолжуваат. Ќе ни недостига неговиот талент, неверојатната агресивност, но Формула е со многу одлични возачи. Ќе постои Формула 1 и по Макс“, истакна Брандл.

Се вчитува...