Максимални победи на шахист(к)ите на отворањето на 43. Олимпијада во Батуми

Двете македонски репрезентации, во машка и во женска конкуренција, стартуваа со максимални победи во 1. коло на 43. шаховска Олимпијада која се одржува во Батуми, Грузија.

Шахистите на стартот од натпреварување на кое се 43-то рангирани, според рејтингот, меѓу 185 селекции, со максимални 4-0 ја победија репрезентацијата на Брунеи. Победи на сите четири табли извојуваа Владимир Георгиев, Филип Панчевски, Трајко Недев и Никола Николовски.

Кај мажите лесни победи на стартот извојуваа и првите фаворити за трофеите, САД, Русија, Кина, Индија, Украина, Франција, Ерменија и Англија.

Девојките, пак, исто така со максимални 4-0 ја победија селекцијата на Свазиленд. Победи за Македонија извојуваа Бејатовиќ, Коскоска, Николовска и Петровска.

Во женска конкуренција главни фаворити во битката за медалите се Русија, Украина, Кина и Грузија.

Се вчитува...