МАКСИМАЛНО ОФАНЗИВНО ПРОТИВ КАЗАХСТАН: Со тројката Миовски, Ристовски и Елмас во нападот!

Максимално офанзивно формација на македонската репрезентација против Казахстан вечерва од 20:45 часот во последниот домашен натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексимо.

Селекторот Благоја Милевски, во формација 3-5-2, се одлучи во нападот, за првпат во овие квалификации, да стартува со Бојан Миовски и Милан Ристовски.

Веднаш зад нив во средниот ред ќе бидат Елмас, Алими и Барди, со поддршка по страничните позиции на Бојан Илиевски и Езѓан Алиоски.

А, во дефанзивата, пред голот на Столе Димитриевски, ќе бидат Стојчевски, Велковски и Зајков.

Се вчитува...