Марио Балотели е „максимално“ подготвен за средбата против Ајакс. Ница вечерва треба да го одигра првиот дуел од двомечот против против холандскиот вицепрвак во рамки од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, а нивниот голгетер на ден пред натпреварот објави видео на својот „инстаграм“ профил како во дворот се обидува да игра фудбал на малку поинаков начин.
Италијанецот очигледно се забавува и максимално е опуштен пред мечот, кој сепак има голема важност. 26-годишниот напаѓач веројатно подоцна сфати дека направи грешка со објавата, па неколку часа потоа објави нова фотографија, овој пат во дресот на Ница, нагласувајќи дека е подготвен за дуелот.
https://www.instagram.com/p/BW8Q1y9gqat/?taken-by=mb459
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА