Тренерот на Чеховски медведи, Владимир Максимов, причината за поразот од Металург ја лоцираше во грешките на својот тим и во бројните промашувања од сигурни позиции. Искусниот руски стратег нагласи дека се пдоготвувале за играта што ја игра Металург, но на терен не успеале да најдат соодветно решение.
„Тежок меч . Го знаеме системот што го користи Лино Червар со седум играчи во поле. Тоа ни создаваше многу проблеми. Ние има многу можности за гол, но не ги искористивме. А, ако не можеш да постигнеш гол од зицер позиции, тогаш сигурно го губиш натпреварот“ – истакна Максимов по мечот.
Најголемите проблеми за рускиот тим според средниот бек на Чеховски медведи, Роман Осташченко, било како да го надмудрат Драко Арсиќ на голот, но и како да го сопрат Жарко Пешевски.
„Што да се каже.Нашата игра беше многу лоша. Не игравме добро. Не можевме ништо да направиме против Дарко Арсиќ, а многу проблеми ни задаваше и одличниот пикер Жарко Пешевски. Имавме проблеми и во нападот и на крај бевме поразени“– изјави Осташченко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА