Максимов прави трансфер во австриски ЛАСК?

Младинскиот репрезентативец и член на Шкендија, Методи Максимов би можел во јануарскиот преоден рок да ги смени клупските бои, и да почне интернационална кариера. Според сознанијата, тој е блиску да потпише со австрискиот тим ЛАСК Линц.

Максимов игра на крилните позиции во офанзивата, но може да игра и како бек. Тој во јануари 2023 година пристигна во Шкендија од Работнички. Тетовскиот тим плати отштета на „романтичарите“, и сега на него може добро да заработи.

Во минатото покрај Работнички, Максимов настапуваше и за младинските категории на Брегалница. Тој е актуелен член на репрезентацијата до 21 година, и за оваа селекција има одиграно 16 натпревари и постигнати четири голови. Претходно настапуваше и за помладите генерации на Македонија.

Се вчитува...