Шкендија ги продолжува подготовките во Анталија, Турција, каде веќе втора недела работи на подготовка за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Два силни контролни натпревари со квалитетни ривали (Мура 1-1 и ЦСКА 1948 0-2) му дадоа можност на тимот да ја бара конструкцијата на играта и фудбалерите.
И покрај физичките оптоварувања, оваа етапа е добредојдена за новите фудбалери кои дојдоа во таборот на Шкендија, а еден од нив (Методи Максимов) се огласи за официјалниот сајт на клубот.
20-годишникот кој пристигна од Работнички на јануарскиот преоден рок ја цени работата што се работи во Шкендија, притоа изразувајќи оптимизам за пролетната полусезона.
„Во Шкендија се чувствувам одлично, се оди на најдобар можен начин. Ме примија многу добро и моите соиграчи и техничкиот штаб и тоа ми олесни да се адаптирам. Нормално е подготвителната фаза да биде заморна, секој ден има свои тешкотии и природно е да се чувствувате уморни од големи оптоварувања. Тоа влијае да имаме тешки нозе на контролните натпревари и всушност така треба да биде, бидејќи работиме со зголемен интензитет“, изјави Максимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА