Репрезентацијата на Србија опстана во најсилниот сегмент „А“ во Лигата на Нации, откако на реваншот во Белград ја совлада Австрија со 2-0. После оние 1-1 од Виена, Србите со вкупни 3-1 останаа во најсилната Лига на Нации, додека Австрија испаѓа во Б сегментот, и е еден од потенцијалните ривали на Македонија.
Немања Максимовиќ во 56. минута го отвори резултатот, а потоа Австрија доби црвен картон. Тоа го искористи Влаховиќ кој пред крајот успеа да ја запечати победата за својата репрезентација.
Во А сегментот ќе игра и селекцијата на Грција, која што отпатува во Шкотска со негатива од 0-1 откако загуби шокантно, но на гости триумфираше со 0-3. Грците го решија натпреварот уште по првиот дел кога со головите на Константелиас и на Карецас дојдоа до 0-2, а на самиот старт од вториот дел Цолис зголеми на 0-3, со кои ги шокираа Шкотите.
Во А сегментот се пласираше и селекцијата на Турција, која на полувремето ја потопија Унгарија и ја победија со 0-3. Чалханоглу од пенал, Гулер и во вториот дел Бардакчи ја донесоа победата, и со вкупни 1-6 изборија опстанок, испраќајќи ја во Б сегментот селекцијата на Унгарија.
Словенија и Словачка одново одиграа без голови, па играат продолженија, додека Косово го порази Исланд со 1-3 на негов терен, и успеа да обезбеди пласман во Б сегментот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА