ЕКИПА во Гдиња,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Фудбалерот од средниот ред на Валенсија, Немања Максимовиќ реален по синоќешниот натпревар меѓу Србија и Македонија на ЕП во Полска кој заврши без победник, 2-2.
Наспроти неговиот селектор Ненад Лалатовиќ кој истакна дека неговата селекција доминирала, а само поради чудното судење и среќата не успеала да слави, Максимовиќ вината ја побара во своите редови…
„Сами сме виновни за тоа што ни се случи. Не одигравме на ниво во поголемиот дел од мечот, а и покрај тоа создадовме шанси во првото полувреме кои не ги искористивме. Потоа примивме гол од пенал и еден еврогол и сето тоа не чинеше“ – ни изјави Максимовиќ по мечот и дополни:
„Не знам, ова беше чуден натпревар. Можевме да загубиме, на крајот се спасувавме, а можевме и да победиме по оној директ. Во еден момент во второто полувреме тотално се изгубивме, и тогаш и Македонија можеше да даде уште некој гол. На крајот, ми се чини дека се заврши реално резултатски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА