Бразилскиот лев бек Максвел синоќа го одигра својот последен меч во кариерата. Во дресот на Пари Сен Жермен го освои Купот на Франција и стана фудбалерот со најмногу освоени трофеи во кариерата, вкупно 37. Го надмина легендарниот Рајан Гигс од Манчестер јунајтед кој остана со 36, а потоа следуваат Витор Баија со 35 и Дани Алвеш со 34…
Приказната на Максвел почна во 2000 година, кога со Крузеиро го освои Купот на Бразил. Потоа со Ајакс освои по две шампионски титутли, Куп и Суперкуп трофеи. Следна станица беше Интер. Освои три скудета и два Купа на Италија. Се пресели во Барселона, каде два пати ја освои Примера, еднаш трофејот во ЛШ, потоа два Суперкупа на Европа, двапати СП за клубови, и трипати Суперкупот на Шпанија.
Оттаму пристигна во Париз. Во градот на светлината четири пати беше првак на Франција, трипати го освои Купот на Франција, и по четири трофеи прибра во Лига купот на Фрабција и во Суперкупот на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА