Раководството на Челси е подготвено да се раздели со пет играчи од сегашниот состав, и со тоа ќе бидат обезбедени пари за нови засилувања на екипата. „Сините“ потрошија 1 милијарда евра за 30 нови играчи, откако Тод Бојли го купи овој тим.
Менаџерот Маурусио Покетино изјави дека за време на следниот трансфер период тимот очекува да биде подобар, а како еден од приоритетите е да се донесе нов напаѓач.
На списокот на петмина играчи кои Челси ќе ги продаде, најголемото изненадување е Конор Галахер, кој што сезонава пропушти само еден меч. Другите играчи кои би можеле да заминат од „Стемфорд Бриџ“ се Трево Чалоба, Армандо Броја, Јан Матсен и Маланг Сар. Овие четворица играчи се почесто се на клупата отколку на теренот, и за нив засега нема место во широкиот играчки кадар на „сините“, и затоа веројатно ќе им биде дозволено да си бараат нова средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА