Барселона оствари уште една победа во Ла Лига, откако без проблеми славеше со 0-2 на гости кај последнопласираниот тим на Малага. И без Лионел Меси, кој доби дозвола да присуствува на раѓањето на својот трет син, каталонците рутински ги освоија трите бода.
Луис Суарез во 15.минута го постигна првиот гол за лидерот на табелата, а Фелипе Кутињо со одличен погодок со петица зголеми на 0-2 во 28.минута. Потоа Малага остана и со играч помалку поради исклучувањето на Самуел Гарсија за груб старт над Жорди Алба, и беше јасно дека Барселона ќе стигне до нов триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА