Раководстовото на Малага вчера му врачи отказ на тренерот Мичел и веднаш најде замена. Екс-тренерот на Гранада, Хосе Гонзалез ќе го предводи тимот до крајот на сезоната. 51-годишниот стратег успеа да обезбеди опстанок со Гранада во сезоната 2015/2016, а управата на Малага се надева дека со него клубот ќе успее да го задржи статусот на прволигаш.
Последен ангажман на Хосе Гонзалез беше во Кина како предводник на Пекинг Гуан. Клубот од Андалузија не е непознат за него, знаејќи дека во неговата играчка кариера го носел дресот на Малага во 1996 година.
Малага сезонава е една од најслабите екипи во Примера, по 19 кола се наоѓаат на претпоследното место на табелата со освоени 11 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА