Малата Тара знаеше уште пред мечот: Тато е најдобар (фото)

Новак Ѓоковиќ секогаш го истакнува семејството како извор на неговата сила и инспирација на теренот, а исклучок не беше ниту денешното финале на Олимписките Игри во Париз, во кое Новак стигна до првото злато и најпосакуваниот трофеј во кариерата.

Неговата ќерка Тара се најде во фокусот на камерманите и фоторепортерите откако пред мечот се појави со транспарент: Тато е најдобар…

И навистина, Ѓоковиќ на теренот покажа дека и на 37-годишна возраст може да им држи лекции по тенис на помладите генерации, дури и на оние од највисока класа во „белиот спорт“.

Се вчитува...