Малдини ги одби новите газди на Милан

Легендата на Милан, Паоло Малдини, категорично го откажа можното свое присуство но новиот борд на директори во клубот. Поранешниот италијански репрезентативец ја одбил поканата на новото раководство на „росонерите“ да се врати во клубот на некоја од водечките позиции.

„Дали би можел да бидам дел од новиот борд на директори во Милан? Категорично – не. Пред некое време јас донесов одлука и нема да се премислам. Имав разговори со новите сопственици уште во октомври минатата година, имав и тогаш сомнежи, а тие и понатаму остануваат. Секако, се уште имам големи емоции и од ерата на Силвио Берлускони. Се надевам дека клубот некогаш ќе може да се врати на старите победнички патеки кога беше најдобар во Европа, а јас секогаш ќе останам верен навивач на Милан“, изјави Паоло Малдини.

Се вчитува...