Даниеле Малдини е најновото засилување на Лацио, во обид римскиот клуб да состави конкурентен тим по неколкуте заминувања од почетокот на овој преоден рок.
Синот на легендарниот Паоло Малдини ќе пристигне на „Олимпико“ на позајмица од Аталанта. Тој не ја доби шансата што ја заслужува во Бергамо, по што доби зелено светло да ги смени клупските бои и ја прифати понудата на „лацијалите“.
Римскиот клуб ќе плати еден милион евра за позајмицата, со клаузула за откуп во висина од 14 милиони доколку Малдини одигра одреден број на натпревари за Лацио до крајот на сезонава.
„Лацијалите“ го продадоа и голманот Мандас во премиерлигашот Борнмут, а на негово место ќе биде доведен Едоардо Мата од Реџана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

