Италијанскиот калчолигаш Милан сака да ја засили навалната линија пред самиот старт на новата сезона во Серија А. „Рсонерите“ гледаат кон Мадрид и сакаат да доведат по еден играч од Атлетико и од Реал.
Трансферна цел број еден на Милан е Анхел Кореа, крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид. Италијанскиот тим е подготвен да плати 40 милиони евра, а Атлетико Мадрид бара 10 милиони евра повеќе. Токму затоа спортскиот директор Паоло Малдини ќе замине за Мадрид, ако може да ја „испегла“ разликата со шпанскиот клуб.
Малдини ќе се обиде да најде солуција и за ангажман на напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз. За него „кралевите“ бараат 25 милиони евра, но Милан сака да го добие на едногодишна позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА