Малдини: Меси има најголеми шанси, но мислам дека „Златната топка“ најмногу ја заслужува Левандовски

Легендарниот Паоло Малдини гостуваше кај Дејвид Санчез во емисијата „Разбуди се, Сан Франциско“ на радиото Марко, во која зборуваше за бројни фудбалски теми и во таа прилика се осврна и на наградата „Златна топка“.

Малдини истакна дека Лионел Меси има најголеми шанси за освојвуање на „Златната топка“, сепак, според него оваа награда најмногу ја заслужува Левандовски.

„Мислам дека Роберт Левандовски го заслужува тоа најмногу оваа година. Наградата може да ја добие и Карим Бензема, но Левандовски сепак ја задржа својата неверојатна „ненаситност“. Се’ уште е „гладен“ за голови. Роберт со своите голови собори многу рекорди. Левандовски, Бензема и Меси сигурно ќе бидат меѓу првите тројца. Мислам дека Меси има најголеми шанси за победа, но јас лично најмногу би сакал тоа да биде Левандовски“, изјави Малдини.

Последниве денови актуелна тема е дали Светското првенство треба да се одржува во нов формат на секои две години, со што повеќето, дури и легендарниот Италијанец, не се согласуваат.

„Тоа е лоша идеја. Со играње на две години, Светското првенство во фудбал тотално ќе го загуби значењето и шармот. На тој начин, би се избришала долгата традиција“, заклучи Паоло.

Се вчитува...