Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини неодмна замина од редовите на Милан откако не успеа да најде заеднички јазик со раководството на клубот во однос на амбициите и трансфер политиката.
Сега поранешниот ас на Милан се поврзува со превземање на улогата на спортски директор во ПСЖ каде „виси“ местото на Луис Кампос по трансфер драмата која се случува со Килијан Мбапе. Според италијанските медиуми иднината на Кампос директно зависи од таа на Мбапе на „Паркот на Принцовите“ па наскоро се очекуваат промени.
Сепак првичните преговори помеѓу Италијанецот и ПСЖ не вродиле плод. Младини ја одбил понудата, а на маса има уште една од италијанската репрезентација каде му се нуди место технички координатор на селекциите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

