Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, изјави дека никој од клубот не преговарал со фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
„Сакаме во тимот да имаме комбинација од квалитетни искусни фудбалери и млади кои треба да се докажуваат. Модриќ сигурно добро би дошол во Милан, но факт е дека никогаш не сме преговарале околу негово доаѓање на „Сан Сиро“, изјави Малдини.
Од Милан си заминаа четири фудбалери од средниот ред, што значи дека главна цел до крајот на летниот преоден рок за „росонерите“ ќе биде доведување фудбалери кои ќе треба да ја креираат играта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА