Оливие Жиру ќе биде првото засилување за нападот на Милан за наредната сезона. „Росонерите“ веќе подолго време преговараа со Челси за ангажман на францускиот репрезентативец, во меѓувреме лондонскиот клуб ја активираше клаузулата за нов едногодишен договор со Жиру, за потоа да го прифати барањето за трансфер на самиот фудбалер.
Директорот на Милан, Паоло Малдини, во денешната изјава за италијанските медиуми потврди дека овој трансфер е веќе договорен и би требало да биде официјализиран во текот на денешниот ден.
„За Жиру е договорено буквално се. Планот е тој утре да дојде, да ги мине лекарските прегледи и да го потпише договорот. Милан има млад тим, неопходни ни се искусни фудбалери кои ќе помогнат со совети за оние помладите. Планот ни е да донесеме уште еден, но помлад напаѓач, но нема да се брзаме за тој трансфер“, изјави Малдини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА