Малдини: Не ме прашувајте за Пиоли

Директорот на Милан, Паоло Малдини имаше свој коментар околу кризата во тимот, а одговори и на прашањето дали Стефано Пиоли е сигурен на клупата на „роеонсерите“ или можно е да се случи некој потрес.

Малдини по убедливиот пораз од 4-0 од Лацио, признава дека тимот е во криза, но и дека не е премногу загрижен од ситуацијата.

„Многу чувствителен момент за нас, се случуваа вакви порази. Не ми изгледа катастрофална ситуацијата. Да не заборавиме дека ние сме втори во Италија и во втората фаза во Лигата на шампионите. Последните резултати се лоши, но не ме загрижуваат. Доминиравме против Рома, и незаслужено се извлекоа. Многу ни е јасно дека од секаква гледна точка во моментов не сме најдобри“, рече Малдини.

Околу останувањето или отпуштањето на Пиоли?

„Прашањето за Стефано Пиоли се надевав дека нема да го чујам. Морам да одговорам дека тој останува тренер на Милан после она што го направи. Да потсетам ние сме втори, по 7 години тимот се пласираше во Лигата на шампионите, го освои Скудетото и сега е втор. Ја разбирам критиката, но би ги погледнал фактите“, рече Малдини.

За нови имиња во екипата, Малдини кажа дека не може да се очекуваат трансфери во Милан како во Премиерлигата или некои клубови од Серија „А“.

„Не очекувајте трансфери во Милан како во Премиерлигата“, изјави кусо Малдини кој смета дека Наполи е блиску до титулата.

„Ако продолжат вака, не гледам кој би можел да ми го одзеде скудетото“.

Се вчитува...