Малдини: Се подготвувавме Милан да ја освои ЛШ, но…

Легендарниот некогашен фудбалер на Милан, Паоло Малдини како да не може и натаму да го преболи отказот од својот матичен клуб. Малдини беше легенда на клубот од „Сан Сиро“, каде ја мина целата играчка кариера, а потоа беше назначен за директор.

Под негово водство, Милан го намали долгот, ја освои шампионската титула, но следуваше шокантен отказ во текот на летото. Малдини откри што биле плановите на „росонерите“.

„Сопствениците на Милан ми побара план да ја освоиме Лигата на шампионите. Јас се подготвував за тоа, но тие никогаш не одговорија на мојот план, затоа што се решија да ме отпуштат“, рече Малдини.

Тој потоа зборуваше за играчите кои ги донел во дресот на Милан.

„Видов многу критики за Де Кетеларе, но се сеќавам дека на почетокот Леао, Бенасер, Ернандез не беа ценети во Милан, а погледнете сега каде се“, рече Малдини.

Се вчитува...