Милан во следната сезона нема да може да смета на услугите на младиот 20-годишен напаѓач, Даниел Малдини кој заминува од „Сан Сиро“ во потрага по минутажа и кариерата ќе ја продолжи во Специја.
Малдини во редовите на италијанскиот прволигаш заминува како позајмен играч, а нема да биде изненадување доколку фудбалерот кој во последните две сезони одигра само 468 минути за Милан остане во Специја и по крајот на сезоната со оглед на тоа што клубот има опција да го откупи договорот во јуни.
Интересно трансферот доаѓа со дозвола на неговиот татко, Паоло Малдини кој откако целата своја кариера ја помина во Милано сега ја заврши функцијата технички директор на клубот.
Како потсетување, дел од „росонерите“ беше и дедото на Даниел, Цезар Младини кој дресот на Милан го носеше од 1954 до 1966 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА