Маленко ги прозва институциите: Охридски маратон и ЛЕН куп ќе има иако Владата и Претседателот молчат

Претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија, Александар Маленко, кој со македонските рперезентативци е на Светското првнество во Гвангжу, од Јужна Кореја ги прозва државните институции. Тој тврди дека навреме поднел програма за финансирање на настаните во организација на ПФСМ, а кои се дел од ФИНА и од ЛЕН програмата, но ниту Претседателот на Република Македонија кој е покровител на Охридскиот маратон, како и Владата преку Агенцијата за млади и спорт не одговориле до овој момент.

Во продолжение соопштението од Александар Маленко.

Вакви светски спортски манифестации во нормална држава со функционален систем и сенс за своја бесплатна промоција се од ВАЖНОСТ – НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, и се предвидени буџетски средства за организација. Но, до ден денес државата и институциите Претседател и Влада на Северна Македонија (Агенција за Млади и Спорт) и покрај уредно навремено поднесена годишна програма за активности до ден денес НЕМА никаков одговор. Сепак, да напоменеме дека и покрај сите сопки, навредувања, клевети со лаги и рекла казала од ткн новинари искажани и пренесени во јавност кон раководство и претседател на ПФСМ, Пливачки Маратони од Светска – FINA Серија и Европски LEN Куп Охрид и Северна Македонија ќе имаат задоволство да бидат домаќини и уживаат во пливање на светска серија ФИНАЛЕ – во официјална олимписка дисциплина 10км.

 

 

Се вчитува...