Маленко: ПФСМ не е зависник од државни, партиски и лични криминално политички разврски и пазарења

Пливачката федерација на Северна Македонија ги отфрла објавените тврдења дека работи спротивно на интересите на домашните пливачи и тврди дека работи професионално и по високи стандарди и оти ги поддржува сите пливачи кои имаат врвни резултати и се на ниво да ја претставуваат државата.

Во соопштение, ПФСМ уште и објаснува околу законските полемики што ги води оваа федерација со вториот субјект кој како Национална пливачка федерација фигурира во Централниот регистар.

„Пливачка Федерација на Северна Македонија не е регистрирана како правен субјект или здружение во Централен Регистар, од причина што нејзиниот ЕМБ 5134846 е превземен од нов регистриран субјект под нејзино име, и сменето во ист момент на упис, иако претходно се водеше постапка која после една година заврши во корист на ПФСМ и претседателот Александар Маленко. За жал, истото се уште не се спроведува од само ним познати причини“ – стои меѓу другото во соопштението од Федерацијата кое го објавуваме во целост.

 

Се вчитува...