Барселона во самиот финиш стигна до бод на гостувањето против Атлетико Мадрид, но каталонскиот гигант скапо го плати ова реми по повредата на двајца свои фудбалери.
Полошо мина Рафиња, кој го повреди коленото, а денешните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите. Барса на официјалната веб-страница ја објави лошата вест за малерозниот фудбалер кој во јануари требаше да си замине од „Камп ноу“, но со последниот развој на настаните речиси сигурно е дека тој нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава.
Покрај Рафиња, тренерот Валверде остана и без помошта на Серхио Роберто, кој беше заменет на полувремето токму со Рафиња. Шпанскиот репрезентативец го очекува пауза од најмалку 20 дена, што значи дека тој ќе ги пропушти последните две средби од групната фаза од Лигата на шампионите, како и најмалку три натпревари од Примера дивизион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА