Ивица Костелиќ пред дваесетина дена едвај избегна смрт откако беше спасен среде море во Црна Гора, а прославениот хрватски скијач сега повторно беше блиску да го загуби животот.
Информациите поврзани со Хрватот говорат дека тој бил цел на спасувачка мисија во австрискиот ски-центар Обертауерн, откако лавина затрупала неколку лица по што бил запален алармот на австриските власти.
„Ивица Костелиќ бил најден заедно со уште едно лице, скијач од Австрија и биле спасени од страна на властите. Тие биле покриени од лавина, но за среќа потрагата завршила успешно. Едниот од скијачите успешно се извлекол, додека вториот морале да го откопаат од снегот“, пишууваат хрватските медиуми.
Ивица Костелиќ се наоѓа во овој ски-центар заедно со сопругата Елин и четирите деца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА