Сезоната 2024/25 за Едер Милитао е завршна по страшната повреда на натпреварот помеѓу неговиот Реал Мадрид и Осасуна. Бразилскиот стопер беше изнесен на носилки уште во 30. минута од средбата и по деталните прегледи се потврди најлошото можно сценарио.
Милитао заработи целосно кинење на внатрешниот лигамент со двата менискуси во десната нога што е слично како и лани кога поради иста повреда беше надвор од теренот повеќе од 200 дена.
Подобро од сонародникот помина Родриго кој заработи повреда на квадрицепсот и нема да биде во комбинација за настап еден месец. Лукас Васкез пак ќе биде надвор од терените три недели по повреда на левиот адуктор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА