Ирскиот боксер Ејден Волш е малерот на денот на Летните олимписки игри во Токио откако во прослава на победа во четвртфиналето се повреди на драматичен начин.
Имено, Волш при прогласувањето на победник од радост скокна во вис, а по доскокот го свитка глуждот и мораше да се повлече од турнирот. Како утеха за Ирецот ќе биде фактот дека ќе го добие бронзениот медал кој го освојуваат поразените полуфиналисти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА