Малер на годината: Патуваше 33 часа од Токио до Буенос Аирес… и нема да го гледа финалето

Јапонецот Исаму Като дефинитивно е најмалерозниот фудбалски навивач за оваа година откако овој 33-годишен фан на Бока јуниорс мина 33 часа патувајќи од Токио до Буенос Аирес, но сепак нема да може да го проследи првиот меч од финалето од Копа Либертадорес.

Поради проблеми со летот Като патуваше повеќе од еден ден до аргентинскиот главен град, за по слетувањето да дознае дека мечот воопшто нема да се игра денеска, туку е презакажан за утре. Тоа е проблем за Исаму, кој поради професионални обврски во татковината имал само 24 часа за престој во Буенос Аирес, па сега ќе мора да се врати назад во Токио без да го проследи легендарното аргентинско дерби.

Дефинитивно супер-малер, нема што…

 

Се вчитува...