Малер на сезоната – го напушти Ајакс за ПСВ за да освојува трофеи

Ајакс се наоѓа на чекор до титулата во холандското првенство, откако во последното коло ќе влезе со три бода предност и дури 14 гола подобра гол-разлика од ПСВ Ајндховен. Јасно е зошто сите во Амстердам го слават прекинот на постот од пет години без шампионски трофеј, а најразочаран од ваквиот исход дефинитивно е малерот на сезоната во европскиот фудбал, Ник Фиргивер.

Тој петта сезона по ред ќе ја заврши како вицешампион на Холандија, а за трагедијата да биде поголема – Фиргивер минатото лето како слободен играч си замина од Ајакс во редовите на ПСВ Ајндховен.

„Овде знаат како се овојува титула. ПСВ знае да игра на резултат на победа, не е секогаш најважно да се игра убаво, се бројат само бодовите“ – изјави Фиргивер, кого ПСВ Ајндховен на презентацијата го претстави со слоганот „Ако не можеш да ги победиш, придружи им се“.

ПСВ долго време беше лидер, но потклекна пред крајот на сезонава, па Фиргивер повторно ќе мора да се задоволи само со епитетот „вицешампион на Холандија“.

Се вчитува...