Малер: Новиот „бисер“ на Реал пак се повреди

Арда Ѓулер потпиша летово од Фенербахче во Реал Мадрид и беше најавен како нов „бисер“ во „кралскиот клуб“, но турскиот плејмејкер барем засега не добива шанса да ги покаже своите квалитети.

Причина се повредите, Ѓулер се повреди на турнејата во САД и мораше да отсуствува повеќе од еден месец, конечно го надмина тој проблем и требаше да дебитира утре против Лас Палмас, но во меѓувреме Турчинот повторно се повреди. Тој се пожалил на болка во мускулот за време на вчерашниот тренинг, а деталните прегледи покажаа истегнување од втор степан по што е препорачана пауза од најмалку три седмици.

Ова значи дека големиот фудбалски талент ќе мора да почека до завршувањето на октомвриската репрезентативна пауза за да дебитира за „кралевите“. Реал во првиот меч по паузата на 21 октомври ќе гостува на Севилја, по што ќе следи гостувањето во Лигата на Шампионите против Брага.

Се вчитува...