Бразил ја имаше улогата на главен фаворит не само за место во полуфиналето, туку и за освојување на златото на овој фудбалски мундијал. Токму затоа „кариоките“ уште долго ќе ги боли денешното фијаско против Хрватска, откако прокоцкаа водство во продолжението и на крајот поради послабо изведување на пенали прерано го завршија својот настап во Катар.
Она што е интересно, Бразил стана 13-та репрезентација во историјата на светските шампионати што во продолженијата од еден нокаут-меч успеала прва да постигне гол за водство од 1-0. Претходните дванаесет, сите до една успеале да се пласираат во наредната фаза, а 13-ката очигледно значеше и малер за најтрофејната репрезентација во историјата на мундијалите.
Нека каже сега некој дека 13-ката не е баксузен број.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА