Григор Димитров доживеа неверојатен малер откако при водство од 2-0 во сетови во четвртфиналето на Вимблдон мораше да му предаде на првиот носител Јаник Синер, кој потоа стигна до трофејот на овој гранслем турнир.
Повредата на рамото не е нималку наивна, бугарскиот тенисер мораше да биде опериран, па сега ќе мора да отсуствува извесен период од терените. Она што е сигурно, Димитров ќе мора да го пропушти претстојното издание на УС Опен што стартува на 24 август, што ќе значи и прекинување на неверојатната серија на бугарскиот ветеран и неговите настапи на гранслем турнирите.
Димитров настапи на последните 58 гранслем турнири во Мелбурн, Париз, Лондон и Њујорк, серија што трае уште од 2011 година на Австралија опен, која за жал ќе биде прекината следниот месец на УС Опен.
Вистинска штета е какви малери го следат Бугаринот на најсилните турнири, ако се знае дека на последните настапи на гранслем турнирите, тој дури пет меча мораше да предаде поради различни повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

