Малерите кои го следат Нејмар во последните години продолжија и по неговиот камбек во Бразил, откако Сантош објави дека фудбалската суперѕвезда се здобила со нова повреда на коленото.
Нејмар се мачеше со различни повреди од стартот на сезонава, а штом не настапи на последниот меч со Интернасионал стана јасно дека повторно станува збор за здравствен проблем. Сантош денеска објави дека Нејмар навистина е повреден, и тоа има проблем со коленото поради кој ќе мора да паузира најмалку до крајот на оваа година.
Ова е сериозен удар за надежите на голгетерот дека би можел да се врати во репрезентацијата за СП 2026, откако селекторот Анчелоти пред извесно време најави дека Нејмар ќе мора да се докаже дека заслужува да ги брани боите на Бразил на претстојното големо натпреварување.
🗓️ 1429 days injured
❌ 265 games missed
🩼 45 different injuries since 2013/14Luck is not on Neymar Jr.’s side 😢 pic.twitter.com/1M3foNIgk9
— OneFootball (@OneFootball) November 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

