Тео Хернандез денеска наполни 27 години, но левиот бек на Милан нема по добро да го памети денешниот ден и дуелот со Фиорентина. Тој најпрвин направи пенал што Фиорентина не успеа да го реализира, но потоа пред крајот на првото полувреме се претвори во трагичар откако не реализираше пенал со кој можеше да го израмни резултатот на „Артемио Франки“.
Милан на крајот го загуби мечот со 2-1, а Хернандез беше видно исфрустриран од судиските одлуки во завршницата, па по последниот свиреж жестоко го критикуваше главниот арбитар.
Тој е капитен на Милан, но сигурно ја надминал границата штом главниот судија решил да му покаже директен црвен картон за однесувањето. Како што јавуваат италијанските медиуми, конфликтот бил сериозен, останува да се види што ќе наведе судијата во својот извештај, а големи се шансите Хернандез да добие и подолга суспензија.
„Росонерите“ во првото коло по репрезентативната пауза ќе го пречека Удинезе, а доколку суспензијата биде поголема Хернандез би можел да ги пропушти и наредните дуели со Болоња (гости) и со Наполи (дома).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА