Офанзивецот на Борусија Дортмунд Марко Ројс, нема да настапи на големото дерби против Баерн Минхен во сабота. Германецот поради повреда на препоните не ќе може да помогне на својот тим во важниот меч. Повредата доаѓа во најлош можен момент, Рој туку што почна да се враќа во својата претпознатлива форма откако пропушти голем дел од сезоната поради тешка повреда на коленото.
„Марко има проблеми со препоните, изминативе неколку дена тренираше сам. Токму затоа не верувам дека ќе успее да се опорави на време до мечот против Баерн“, истакна тренерот Питер Штегер.
Поради повреди Ројс не настапи ниту на последните две репрезентативни натпреварувања (СП 2014 и ЕП 2016), но се надева дека ќе успее да бележи добри настапи во дресот на „милионерите“ до крајот на сезоната со цел да обезбеди место во селекцијата на „панцерите“ за мундијалот во Русија, откако постигна три погодоци на последните пет меча во германскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА