Малерозно деби на Жоао Феликс за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Жоао Феликс имаше неславен прв настап во дресот на Атлетико Мадрид. Во дебито за клубот, на пријателската средба против Нумансија, веќе во 28. минута од средбата, Феликс го напушти теренот. Поткривнувајќи Португалецот побара од Диего Сименоне да биде заменет поради повреда на колкот.

Младата португалска ѕвезда ова лето го направи петтиот најскап трансфер во историјата на фудбалот откако Атлетико Мадрид за него на Бенфика и плати 126 милиони евра.

 

Се вчитува...