Малешевиќ е МВП на 10. коло во првата кошаркарска лига

Српскиот интернационалец од редовите на Пелистер, Никола Малешевиќ го доби признанието за најкорисен кошаркар на 10. коло од Суперлигата.

Крилниот кошаркар ги предводеше „зелено-белите“ до триумф над Тиквеш со 26 поени, девет скокови и четири асистенции за индекс на користност од 34.

Во петорката на колото покрај Србинот место има и за Билингсли од Чаир, Ниах од Феникс 2010, Хот од Маџари и Вашингтон од Кожув.

Се вчитува...