Најдобрите индивидуални остварувања во 14. коло од „МТЕЛ“ Супер лигата, беа забележани на натпреварот помеѓу екипите на Маџари и Пелистер кој го добија гостите од Битола, кои имаа двајца исклучително расположени кошаркари за игра, Никола Малешевиќ и Бобан Стајиќ.
НИКОЛА МАЛЕШЕВИЌ (ПЕЛИСТЕР)
Натпревар, скоро, без грешкаа, одигра искусното крило на Пелистер на гостувањето во Маџари.
За нецели 31.минута на теренот, реализираше 24.поени со беспрекорна реализација во шутот од поле (2/2 за три, 6/6 за два поени, и 6/7 за еден поен), кои ги надополни со шест скока, три асистенции, плус и две блокади и една загубена топка кои му донесоа 33. индексни поени.
АМАР ХОТ (МАЏАРИ)
На другата страна од теренот, одлично парираше репрезентативното крило на Маџари. За 32:39 минути во игра, даде 28.поени (1/3 за три, 11/12 за два и 3/3 за еден поен). Освен тоа имаше и осум скока, една блокада и една загубена топка, за индекс 32, или еден помалку од најдоброто остварување во колото број 14.
БОБАН СТАЈИЌ (ПЕЛИСТЕР)
Одличен асистент имаше Малешевиќ во Бобан Стајиќ. Освен што ја разигра својата екипа со осум успешни додавања, искусниот бек оствари и 26.поени (4/9 за три, 6/7 во обидите за два поени, и 2/4 од линијата за слободни фрлања). Додаде и четири скока, по една освоена топка и блокада пред да ја направи петтата лична грешка, и да одигра 34:40 минути, во кои оствари индекс 30.
АЛЕКСАНДАР РАДУКИЌ (МКК КУМАНОВО)
Полека се враќа во својата препознатлива форма од почетокот на сезната. Но неговите обиди не беа доволни за екипата од Куманово да ја прекине серијата на порази.
Сепак, на средбата со Феникс 2010, имаше учинок од 21.поен (1/3 за три, 6/7 за два и 6/6 за еден поен), седум скока, четири асистенции, по три освоени и исто толку загубени топки за 33:28 минути на теренот, и сосема солидни 29. индексни поени.
КАЈЛ СТУРДИВАНТ (ЧАИР 2030)
И неговите добри минути на средбата со ТФТ се покажаа како недоволни за да му донесе на својот тим подобар резултат на гостувањето кај ТФТ.
По одличниот почеток, на крајот застана на скор од 24.поени (2/6 во шутот за три, 6/11 за два и 6/6 за еден поен), седум скока, четири асистенции, плус една освоена и една загубена топка за 32:42 минути во игра во кои реализираше и 26.индекс поени кои го „ставаат“ во „идеалните пет“, мерено според бројот на индексни поени.
ПРВА ПЕТОРКА
Никола Малешевиќ (Пелистер)
Амар Хот (Маџари)
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Алекасандар Радукиќ (МКК Куманово)
Кајл Стурдивант (Чаир 2030)
ВТОРА ПЕТОРКА
Роберт Рикиќ (Работнички)
Максим Митевски (МКК Куманово)
Џавон Грин (Маџари)
Чарлс Гил (МЗТ Скопје Аеродром)
Џастин Гордон (ТФТ)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

