Репрезентативните обврски завршија, па сите екипи се враќаат на обврските во македонската Супер-лига.
Распоредот вели дека прв ривал на Пелистер по паузата ќе биде ТФТ, тим што моментно е лидер на табелата, мотив плус за „зелено-белите“ со добра игра и победа да ги потврдат високите амбиции за оваа сезона.
Никола Малешевиќ е свесен дека пред Пелистер нема да биде нималку лесна задача, но верува дека овој тим ќе се прикаже во добро светло и ќе стигне до посакуваниот триумф.
„Пред нас е тежок дуел против лидерот на табелата, вистинско дерби кое е мотив плус за сите во Пелистер. ТФТ е тим што е добро покриен на сите позиции, играат квалитетна и брза кошарка сезонава. Ние сме во серија на не така добри резултати, но паузата од две недели ни беше добредојдена, имавме време да се регенерираме и максимално да се подготвиме за овој дуел. Очекувам добра кошарка од двете страни и се надевам на наша победа на крајот“, истакнува Малешевиќ, кој и сезонава е еден од клучните играчи во зелено-белиот табор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

