Малески од Струга ТЛ преминува во АП Брера

Македонскиот фудбалер Христијан Малески е нов фудбалер на струмичкиот прволигаш АП Брера. Малески кој минатата сезона стигна до титулата во ПМФЛ со екипата на Струга Трим Лум на почетокот на оваа сезона го напушти актуелниот шампион на Македонија.

АП Брера по првите две кола има исто толку победи, па сега амбициите на струмичкиот тим се зголемуваат, а идеално решение за нападот на титулата го гледаат во 21-годишниот Малески.

Се вчитува...