Мали е вториот четвртфиналист на Купот на Африкански Нации откако по голема борба оваа селекција успеа да триумфира над Тунис, и тоа по подобро изведување на пеналите.
Подвигот е уште поголем ако се знае дека Мали од 27. минута беше со играч помалку по исклучувањето на Кулибали. Тунис напаѓаше и во 88. минута успеа да стигне до водство од 1-0, се чинеше дека патникот во следната рунда е познат, но Мали со пеналот на Синајоко во 97. минута успеа да го одведе мечот во продолженија.
Тунижаните имаа над 70% од поседот на топката во овие дополнителни 30 минути, но не успеаја да постигнат и втор гол, па се прејде кон пенал-рулет. Во него, по првата и по третата серија Тунис беше селекцијата што имаше предност, но голманот на Мали ги одбрани последните два пенала на противниците, неговите соиграчи беа сигурни од белата точка и оваа селекција успеа да стигне до билет за следната рунда.
Противник на Мали во четвртфиналето ќе биде Сенегал, селекција што во првата осминафинална пресметка славеше над Судан со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

