Иља Малинин го воодушеви светот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, откако изведе салто на грб во кратката програма на тимското натпреварување за време на слободната програма. Неговиот историски настап и помогна на американската репрезентација да го освои златниот медал.
Со салтото на една нога, Малинин стана првиот лизгач, по цели 28 години, што го направил тоа по француската лизгачка Сурија Бонали на Игрите во Нагано во 1998 година.
Малинин го воодушеви и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, кои го гледаа неговиот настап. А, на крај Малинин и самиот беше воодушевен што неговиот настап го гледал најдобриот тенисер на сите времиња…
„Го видов Новак. Толку е нереално. Слушнав дека откако го направив мојот флип тој беше воодушевен и се фати за главата. Тоа е неверојатно. Тоа е момент што се случува еднаш во животот. Апсолутно сум воодушевен, што успеав да го воодушевам Новак“ – изјави по настапот 21-годишниот Малинин.
💥 LA QUE TIENES QUE ESTAR LIANDO PARA DEJAR ASÍ A DJOKOVIC
😍 La reacción de Novak Djokovic a una actuación de Ilia Malinin que le ha valido el oro a los Estados Unidos
🎥 @david_lrl#MilanoCortina2026 pic.twitter.com/vgY0TG8jSe
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) February 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

