Љупчо Малинков и официјално го презеде кормилото на Кожув откако кавадаречкиот стратег постигна договор со управата на суперлигашот од Гевгелија за да остане на чело на овој тим најмалку до крајот на оваа сезона.
Тој веќе го одржа и првиот тренинг со новата екипа, по што Малинков има само пофални зборови за она што го очекува во Кожув.
„Дојдов во клуб што е максимално амбициозен, тим што лани играше куп-финале и што сака да напредува од година во година. Имам максимална почит за тренерот што ја водеше екипата до моето доаѓање, квалитетот на ростерот е на високо ниво и верувам дека постојат сите предуслови за Кожув да се бори за висок пласман. Според квалитетот сигурно треба да сме во Топ 6 во лигата, но тоа е само почетна цел, верувам дека можеме да се бориме и за влез меѓу најдобрите четири екипи во мак-баскетот. Како што реков, Кожув е клуб со сериозни амбиции, јас како тренер ќе сторам се за заедно да и оствариме“, истакна Малинков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

