Малинков седнува на клупата на Кожув

Кожув ќе влезе со нов тренер во натамошниот дел од сезоната, откако прволигашот од Гевгелија реши да се раздели од Апостоли Апостолов и на негово место да го ангажира Љупчо Малинков.

Кавадаречкиот тренер до неодамна се наоѓаше на кормилото на Гостивар, а откако беше заменет не остана долго без нов ангажман, прифаќајќи ја понудата на Кожув. Овој тим ланската сезона стигна до куп-финале, но на стартот на Супер-лигата ги немаше посакуваните резултати, има скор 5-4 што според управата е недоволен за Апостолов да остане на клупата и во 2026 година.

Убедливиот пораз од шампионот МЗТ Скопје ќе биде последен меч на овој стратег на чело на Кожув, но Апостолов ќе остане во клубот и во иднина, како дел од младинската школа на гевгелискиот суперлигаш.

Се вчитува...